Saturday, May 22, 2010

За информатика

Роденденот на Јана

Јана вчера правеше роденденска забава. Таа не замоли да и помогнеме во подготовките, па јас и Сања требаше да бидеме кај неа два часа порано.


За тест копирај ги само подолните 2 пасуси


Сања не сакаше да дојде бидејќи се прикажуваше ТВ-емисијата што долго време ја чекала, но не сакаше ни да ја изневери својата другарка. Постојано се премислуваше. Де ќе дојде, де ќе остане дома. Откако реши да дојде, заедно појдовме накај Јана.



Кога стигнавме, веднаш се фативме за работа, така што сe беше подготвено порано од очекуваното. Еден час подоцна гостите почнаа да пристигнуваат. Дој­доа сите освен Марко, кој бил болен. Иако не можеше да присуствува на заба­вата, тој и испрати роденденска честитка на Јана.